Сталоне и Лундгрен се враќаат во политичка драма

0
122


Едночасовната политичка драма „The International“ доби дозвола за снимање на пилот епизода, што значи дека проектот дефинитивно ќе се реализира.

Долф Лунгрен ќе ја игра улогата на Андерс Сото, кој е лик опишан како преговарач и интернационален шпион кој работи за ОН.

Силвестер Сталоне ќе биде режисер, додека Кен Санзел ќе го напише сценариото и ќе биде извршен продуцент. Серијата ќе биде производ на студиото CBS.

Засега не се знае колку епизоди ќе има воведната сезона, но со оглед на тоа што една епизода ќе трае еден час, не се очекува повеќе од 10. Нема најави дека Сталоне би можел да се појави со некоја мала улога.

Ова не е прва соработка на Сталоне и Лундгрен. Во „Rocky IV“ Сталоне се тепаше против Иван Драго кого го глумеше токму Лундгрен, улога која ја повтори во „Creed II“. Двајцата беа дел и од франшизата „The Expendables“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here