Србија ја победи Шпанија во финалето од АТП Купот

0
92


Решавачкиот натпревар во двојки го добија Србите со 2:0 против Шпанците кои настапија без Надал.

Шпанците во последен момент направија измена во составот. Наместо најавениот Рафеал Надал неговото место го зазема Фелисијано Лопес откако најдобриот шпански тенисер поради умор од претходната пресметка со Ѓоковиќ не можеше да настапи.

Српската двојка Новак Ѓоковиќ – Виктор Троицки го доби првиот сет со 6-3, а потоа славеше и во вториот со 6-4 за победа од 2:0. Лопес играше во пар со Пабло Карењо Буста.

http://kajgana.com/

Претходно резултатот во финалето беше 1:1 откако двата тима остварија по една победа во натпреварите во сингл. Баутиста го совлада Лајовиќ за водство на Шпанија, а потоа Србија израмни на 1:1 откако Ѓоковиќ го победи Надал.

http://kajgana.com/

По крајот на натпреварот Ѓоковиќ најави дека неговиот тим средствата од наградниот фонд ќе ги донира на земјата домаќин која е погодена од катастрофални пожари.

За да стигнат до финалето Србите откако ја минаа групата ги елиминираа репрезентациите на Канада и Русија, додека Шпанците дојдоа до финалето преку Белгија и домаќинот Австралија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here