Според психолозите, игнорирањето на соработниците може да ве направи попродуктивни

0
110


98% од работниците велат дека ја прекинуваат својата работа барем неколкупати на ден. Според психологот за здравствена заштита Улрика Леонс, сите оние брзи прекини во работата, особено оние лице-в-лице, може да бидат навистина деструктивни за вашиот работен процес. Затоа Леонс советува како да го сведете на минимум контактот со нашите колеги.

Зошто секогаш се чувствувате уморно по работното време

Во канцелариското работење обично се бара високо ниво на концентрација во извршувањето на одредени задачи. Но, ова може да биде навистина тешко затоа што секогаш сте опкружени со колегите, кои повремено доаѓаат и ви поставуваат некое прашање.


„Што со тој проект?“ или „Како е ќерка ви?“. Прашањата може да бидат различни и не сите се поврзани со работата, но резултатот е во основа ист – ја губите концентрацијата и се чувствувате како да не сте сработиле нешто во текот на денот.

Вистинската „цена“ на тие прекини

Според психолозите, игнорирањето на соработниците може да ве направи попродуктивни

Според Леонс, ако некој ве прекине во текот на работењето, може да ви требаат околу 5-25 минути за повторно да го насочите вниманието кон вашата задача. Покрај тоа, потребно е многу енергија за постојано да се префрлате од една на друга работна задача. Затоа се чувствувате исцрпено до крајот на денот.

Преку истражување е утврдено дека прекините можат да ви потрошат и до 238 минути на ден. Притоа, треба да запомните во кој момент ја напуштате вашата задача, за потоа да ја започнете повторно – а тоа ви одзема уште 84 минути. Стресот и заморот ве чинат уште 50 минути. Севкупно, тоа е 372 минути, или 6,2 часа на ден – скоро целиот работен ден!

Како да се справите со прекините?

Според психолозите, игнорирањето на соработниците може да ве направи попродуктивни

За да го избегнат разговорот со своите колеги, канцелариските работници користат различни методи:

  • Некои од нив избираат да стават слушалки за да им покажат на сите околу себе дека во моментот се насочени кон својата работа.
  • Други се обидуваат физички да се дистанцираат преку затворање на вратата од нивната канцеларија.
  • Уште еден начин да се справите со овој проблем е да започнете да работите порано или да останете до подоцна во канцеларијата за да ја завршите работата без да ви се одвлекува вниманието.

Улрика Леонс препорачува и:

  • Заедно со вашиот шеф, визуелно би можеле да ги разграничите работните позиции од просторот каде што пиете кафе, па така нема да мора да ги гледате другите додека имаат пауза.
  • Исто така, би можеле да се договорите со сите ваши соработници на одреден временски период „без прекинување“ кога секој може да работи пофокусирано.

Патем, со овој проблем се соочуваат и луѓето кои работат од дома – 43% од нив, исто така, редовно се справуваат со директни прекини. Единствената разлика е во типот на луѓе што ги прекинуваат и поставуваат „итни“ прашања – за нив, тоа претежно се членовите од семејството или другите луѓе во куќата.

Можеби сакате да ги дознаете и 5-те начини за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот за работата да не го уништи вашиот брак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here