Специјален роденденски дрес за 120 години Милан

0
120


Италијанскиот прволигаш Милан подготви специјална верзија на дресот за натпревари на домашен терен по повод 120-годишнината од основањето на клубот.

Компанијата за спортска облека и опрема Puma на Instagram објави фотографии на кои Сусо го носи новиот дрес на кој логото на компанијата, грбот на Милан и имињата на спонзорите се во златна боја.

Под грбот на Милан стои бројот 120 – точно толку години постојат „росонерите“, а на задната страна на дресот под околувратникот исто така со златна боја е испишано 1899-2019.

„Ќе бидеме тим на ѓаволи

Нашите бои ќе бидат црвени како пламен

Црни како стравот на нашите противници“,

гласи моќната порака испишана на задната страна на дресот.

Милан во овие дресови ќе заигра против Сасуоло на „Сан Сиро“ на 15 декември.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here