Со јахта од Емиратите дошле во Дубровник и завршиле во полиција

0
215
loading...

Во Дубровник пред неколку дена стигнала една од најголемите и најлуксузни јахти на светот. Се работи за јахтата „Yas“, долга 141 метар, чиј газда е шеикот Хамдан бин Зајед бин Султана Ал Нахјана, емир на Обединетите Арапски Емирати.

Истата вечер друштвото од јахтата одлучило да го запознае ноќниот живот во Дубровник, па се упатиле во популарната дискотека „Culture Club Revelin“.

Како што дознава Дубровнички дневник, таму ги честеле хостесите со скапо шампањско, испиле многу алкохол, а кога дошла сметката од 50 илјади евра не сакале да ја платат. Поточно, сакале да го платат само делот од сметката што се однесувал на нивните пијалаци, а делот за шампањското со кое ги честеле хостесите не сакале да го платат.

Полицијата привела еден од нив и едно женско лице. Тие откако се отрезниле ја платиле сметката.

loading...
loading...