Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

0
107


Сите луѓе им се восхитуваат на упорните и силни личности кои не се откажуваат пред ниту една пречка и сите копнеат по оваа особина. Како да станете и вие таква личност и како да ги надминете сите тешкотии со леснотија? Дали е тоа возможно? Кои карактеристики треба да ги развиете?

Она на што треба најмногу да се работи е способноста да се надминат нападите на аксиозност и падот на мотивацијата. Не е невообичаено уште првата пречка со која ќе се соочите да ви предизвика паника и желба да се откажете. Поради тоа, неопходно е да научите да ги совладувате чувствата што ве спречуваат.


Помислете само колку повеќе би постигнале во животот, ако вашите стравови не ве спречуваат да стигнете до целта.

Со правилото „40 %“ ништо не е невозможно. Според истражувањата, кога мислите дека сте направиле сè што е во ваша моќ, всушност сте дале само 40% од вашите можности.

Внимателно прочитајте ја уште еднаш последната реченица. Таа нека биде вашата мантра што ќе ја повторувате секојпат кога ќе наидете на пречка и кога ќе мислите дека не можете да продолжите понатаму. Колку повеќе ќе го кажувате тоа гласно, толку повеќе ќе бидете мотивирани.

Ништо во животот не е невозможно, само не се трудите доволно. Упорноста е клучот за многу добиени битки.

Животот е непредвидлив и може да ве изненади со околностите што ви ги наметнува, но не брзајте да се откажете уште во истиот момент. Застанете и повторете ја мантрата за 40-те %.

Ако не успее првиот пат, кажете ја оваа реченица повторно и ако тоа не е доволно, не двоумете се да ја повторите уште неколку пати. На крајот, ќе чувствувате дека можете да успеете.

Овој метод дејствува како „плацебо ефект“, а разликата е во тоа што навистина е ефикасен. Повторувањето ќе создаде механизам што ќе ви помогне да станете посилни и поистрајни.

Најдобриот начин за надминување на сите пречки е следниот: Прво, направете сè што можете, па ако тоа не ви оди од рака, повторете ја оваа мантра за дополнителна мотивација. Повторувањето на мантрата има ефект само ако навистина верувате во тоа што го правите.

Животот е премногу краток за да се откажувате и да бегате од соништата. Развијте ментална сила што ќе ве однесе подалеку во животот.

Способни сте за многу поголеми работи отколку што мислите. Само вклучете ја вашата глава и размислете вака: „Направив сè што можев. Но, тоа не е ниту половина од тоа што можам. Тоа е само 40%. Затоа, продолжувам напред!“

А кога ќе се почувствувате осамено, потсетете се на овој текст.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here