Со милионер џекпот ја завршивме 2019 и ја почнавме 2020

0
132


Со МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ jа завршивме 2019 и ја почнавме 2020. На 30.12.2019 го добивме последниот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ за мината година, а на 02.01.2020 го имаме првиот за Новата година.

 

Со среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ почна Новата година. Во Државна видеолотарија пристигнаа последниот милионер од 2019 и првиот за 2020.

Во текот на претпоследниот ден од 2019, Симијон Костов од Облешево го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, вреден 1.384.402,00 денари. Добивката е освоена во Облешевка АДБ на 30.12.2019 во 21:05.

 

Симијон во друштво на своите пријатели и членови на семејството, пристигна да си го подигне добитниот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ чек вреден 1.384.402,00 денари. Ни раскажа дека со оваа убава информација ја завршил 2019 и ја почнува Новата 2020 година. Тој како редовен играч на видеолотариските терминали, се радувал и на други помали добивки. Добитниот износ од МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е убава сума, за која како што ни откри, сè уште нема прецизен план за трошење.

http://kajgana.com/

Покрај Симијон, уште еден среќен добитник, пристигна во Државна Видеолотарија. Добитникот кој посака да биде анонимен освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.299.647,00 денари на 02.01.2020 во Делта Бет во Скопје.

 

Џекпот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 308 Милионер Џекпот добивки во вкупен износ од 459.221.756,00денари. Покрај нив, освоени се и 58.352 Мини Џекпот добивки во вкупен износ од 307.091.978,00 денари. МИНИ ЏЕКПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here