Сосиедад среде „Бернабеу“ го исфрли Реал од купот

0
112


Баскијците фуриозно минаа низ Мадрид и се пласираа во полуфиналето од шпанскиот куп.

Тимот на Реал Сосиедад го изненади Реал Мадрид среде „Сантјаго Бернабеу“ победувајќи го со 3:4. Првото полувреме гостите го завршија со минимално водство благодарение на Норвежанецот Мартин Одегард кој погоди во 22. минута. Токму тој игра за Сосиедад како позајмен од Реал.

После паузата Швеѓанецот Александек Исак во интервал од три минути постигна три гола носејќи убедливо водство на гостите од 0:3.

Само три минути подоцна, во 59-тата, Марселу донесе надеж за „Кралевите“, но десет минути подоцна Исак му асистираше на Микел Мерино за водство од 1:4.

На 9 минути до крајот, на 2:4 намали Родриго, а потоа во третата минута од судиското надополнување Начо ја врати неизвесноста погодувајќи за 3:4. Сепак, во преостанатите три минути Реал не успеа да дојде до сензационално израмнување.

Сосиедад во голем стил оди во полуфиналето каде веќе пласирани се изненадувањето Гранада и второлигашот Мирандес, додека вечерва Атлетик и Барселона ќе го дадат последниот патник.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here