Сосиедад го доби баскиското дерби со Атлетик

0
98


Реал Сосиедад е победник на големото баскиско дерби откако на домашен терен извојува победа над ривалот Атлетик кој ја продолжи серијата без победа.

На головите се чекаше дури до 65. минута кога домашниот тим го отвори резултатот преку Порту. Гостите од Билбао брзо израмнија, шест минути подоцна преку Ињаки Вилијамс.

Победникот го реши Швеѓанецот Александер Исак кој на седум минути пред последниот свиреж го совлада гостинскиот голман Унаи Симон.

Сосиедад со оваа победа се искачи на 6. место на табелата со 37 бодови, два помалку од мадридски Атетико кој е четврти. Атлетик го претрпе шестиот пораз, втор по ред, а е во серија од седум натпревари без победа во Ла Лига.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here