Сосиедад во голеада славеше кај Осасуна

0
131


Во малото баскиско дерби тимот на Реал Сосиедад победи на гостувањето кај Осасуна со 3:4.

Осасуна го пречека Реал Сосиедад на „Ел Садар“ стадионот во Памплона. Гостите почнаа фуриозно и по неполн час игра имаа водство од 0:3 благодарение на головите на Микел Ојарзабал, Порту и Мартин Одергорд. До паузата домашниот тим успеа да намали преку Аридане.

Во вториот дел Осасуна најави анулирање на предноста откако по само три минути игра Чими Авила намали на 2:3. Но, во 71-вата минута ги пресече директниот црвен на дефанзивецот Факундо Ронкаља, а потоа гостите преку штотуку влезениот Александер Исак зголемија на 2:4.

Осасуна и со играч помалку не се предаде и со вториот гол на Чими Авила на шест минути до крајот ја врати неизвесноста. Сепак, домаќините немаа сили со 10 играчи да постигнат и четврти гол и да избегнат пораз.

Ова беше 79-та пресметка помеѓу овие два тима, а Реал Сосиедад ја забележа 41-вата победа. Осасуна има 23, додека 15 пати одиграле нерешено.

Со оваа победа Реал Соседад се врати во игра за пласман помеѓу најдобрите четири, додека Осасуна трет натпревар е без победа и падна на 12-тото место.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here