Сончево со умерена облачност | Кајгана

0
152


Скопје, 23 ноември 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 10, а дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Во недела и понеделник ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here