Сончево со мала облачност, температурата до 16°C

0
8


Скопје, 2 март 2021 (МИА) – Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here