Солскјер ја означи главната мета, Јунајтед ова лето го руши рекордот?!

0
105
loading...

Манчестер Јунајтед веќе некое време сака да го доведе фудбалерот на Наполи Калиду Кулибали.

Сега, според пишувањата на англиските медиуми тој во следниот пероден рок ќе биде мета број еден на клубот од „Олд Трафорд“.

Според „Дејли Мирор“, Јунајтед сака да ја засили последната линија за следната сезона и во овој клуб го означиле Сенегалецот како игрч кој се наоѓа на врвот на нивната листа на желби.

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лауренти претходно изјави дека одбил понуда од 100 милиони евра за 27-годишниот играч, за кого исто така се верува дека е од Манчестер ЈУнајтед, па секоја понуда на англискиот клуб би морала да биде поголема од тоа.

loading...

Моментално рекордот за дефанзивец го држи играчот на Ливерпул Вирџил ван Дајк кој од Саутемптон за 75 милиони фунти пристигна на „Енфилд“ во јануари 2018. година.

„Црвените ѓаволи“ сметаат дека Кулибали е еден од најдобрите стопери на светот, а тренерот Солскјер сака да ја засили својата одбрана која оваа сезона прими 54 гола во Премиер лигата.

loading...