Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

0
71
loading...

Собранието денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија.

Груевски е осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

За Богоевски, кој е претседател на оваа собраниска Комисија, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и оти е недостоен за вршење на пратеничката функција.

loading...

По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.

Продолжението на собраниската седница е закажано за 15 часот.

loading...