Снежен хаос во Канада – наноси од снег повисоки од четири метри

0
124


Ванкувер, 21 јануари 2020 (МИА) – Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ситуацијата дополнително се влоши со тоа што ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час и во комбинација со обилните врнежи од снег предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот.

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

https://kajgana.com/

Локалните жители смислија име за ситуацијата – „сноумагедон“ – и така ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај тоа, видливи се и снимки од луѓе кои буквално копаат надвор од своите домови. Метеоролозите неделава најавуваат нов снег.

Затоа, вонредната состојба останува во сила. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here