Смирено на новогодишната ноќ, казните за пукање петарди се од 200 до 800 евра

0
115


Во пресрет на новогодишните празници, кога е зачестена недозволената продажба и употреба на пиротехнички материјали, потсетуваме кои се глобите кои следуваат за овие дела.

Министерството за внатрешни работи деновиве ги извести граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје“, стои во соопштението од МВР.

Казни од 200 до 800 евра

Согласно кривичниот законик, тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од 3 до 10 години.

„Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 5 години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 8 години“, информираат од МВР.

„Исто така, неовластено пукање од огнено оружје или употреба на пиротехнички средства, експлозиви или лесно запалив материјал со кој ќе се наруши мирот и безбедноста на граѓаните ќе се соочи со глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност“, потсетуваат од МВР.

Со глоба од 600 до 800 евра ќе се казнува родител или старател чие дете, односно штитеник заради занемарено грижење врши прекршоци на овој закон.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here