Слушнете како звучи структурата на коронавирусот претворена во музика

0
72


Научници успеаја да ја претворат структурата на S-протеинот на COVID-19 во музика. Претходно објавивме како изгледа коронавирусот SARS-CoV-2 виден под микроскоп, а сега можеме и да слушнеме какви истиот звучи.

Научниците овозможија да сознаеме како изгледа и звучи вирусот претворајќи ја неговата структура во музика. Поточно кажано, музиката се темели на структурата на протеините на коронавирусот со шилести издатоци (S-протеин). Токму со посредство на S-протеинот вирусот навлегува во цитоплазмата на клетката на домаќинот.

Звуците кои ги слушате претставуваат различни аспекти од шилестиот протеин кои излегуваат од површината на вирусот и му помагаат да се прилепи за клетката. Како и кај сите протеини, и овие шилци се направени од аминокиселини. Со помош на новата техника наречена сонификација, научници од МИТ ѝ доделија на секоја аминокиселина уникатна нота, претворајќи го целиот протеин во музика.

Аминокиселините имаат тенденција да се виткаа во спирали или сешират. Изтражувачите ги бележат овие промени со менување на траењето и јачината на тоновите, а молекуларните вибрации предизвикани од температурата исто така добиваат сопствен звук.

Ако се прашувате што е смислата на сето ова, научниците имаат одговор. Новиот формат им овозможува на научниците да ги пронајдата местата на протеините на кои антителата или лековите би се врзале, со едноставно барање на одредени звучни тонови кои одговараат на тие подрачја.

Според нив, тоа е побрз начин од конвенционалните методи кои се користат за изучување на протеинот, како молекуларното моделирање. Со други зборови кажано, со слушањето на вирусот еден ден би можеле да дојдат до лек или вакцина за болест како што е на пример COVID-19.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here