Случајното откритие кое го промени светот

0
102


Шкотскиот научник Александар Флеминг сосема случајно го открил пеницилинот од габата Penicillium notatum во 1928 година, откритие за кое добил и Нобелова награда за физиологија и медицина.

Флеминг го одвоил екстрактот од мувлосани леб, за кој точно се утврдило дека бил од родот Penicillium, па затоа агенсот го нарекол пеницилин.

Тој го истражувал неговото позитивно антибактериско влијание врз голем број организми и забележал дека агенсот делувал врз бактериите како стафилококи, како и врз сите Грам-позитивни патогени (шарлах, пневмонија, менингитис, дифтерија), но за жал не влијаел врз тифус или паратифус, за кои тогаш барал лек. Пеницилинот делувал и врз гонореја, иако оваа состојба е предизвикана од Грам-негативен патоген.

Во најновото видео на TED-Ed е прикажана кратка анимирана историја за тоа како случајно е откриен пеницилинот, кои болести ги лекува, зошто некои луѓе се алергични на него и како овој антибиотик ја промени медицината и начинот на лекување инфекции.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here