Словенците во најсилниот состав ќе ја напаѓаат Македонија

0
35
loading...

Селекторот на словенечката фудбалска репрезентација Матјаж Кек денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за првите две квалификациски средби за пласмнанот на ЕП 2020, најпрво против Израел на 21 март, а потоа и против Македонија три дена подоцна.

Словенија ќе ја пречека Македонија во најсилен состав откако во тимот се враќа и голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак. Во тимот на Кек е и фудбалерот на Динамо Киев Бејнамин Вербич, но тој поради повреда е неизвесен за натпреварот.

Голмани: Јан Облак (Атлетико Мадрид), Вид Белец (Сампдорија), Матиц Котник (Паниониос).

Одбрана: Бојан Јокич (Уфа), Миха Мевља (Ростов), Нејц Скубиц (Конјаспор), Алјаж Струна (Хјустон Динамо), Петар Стојанович (Динамо Загреб), Миха Блажич (Ференцварош), Немања Митрович (Јагелонија), Јуре Балковец (Хелас Верона).

loading...

Средина: Јосип Иличич (Аталанта), Јасмин Куртич (СПАЛ), Рене Крхин (Нант), Бенјамин Вербич (Динамо Киев), Миха Зајц (Фенербахче), Домен Чрнигој (Лугано), Јака Бијол (ЦСКА Москва), Дамјан Бохар (Заглебје), Адам Гнезда Черин (Домжале), Јон Горенц Станкович (Хадерсфилд Таун).

Напад: Роберт Берич (Сент Етјен), Андраж Шпорар (Слован Братислава), Лука Захович (Марибор).

loading...