Слатка одмазда на Ванг: Сензационално ја елиминираше Серена Вилијамс

0
98


Американката Серена Вилијамс сензационално беше елиминирана во третото коло од првиот Грен слем турнир за годината – Австралија Опен.

Триесет и осумгодишната sвезда беше елиминирана од кинеската тенисерка Ќијанг Ванг по 4:6, 7:6 (2), 5:7.

Така, Серена, која беше прогласена за фаворитка за освојување на титулата во Мелбурн, ќе мора да почека за освојување на 24-тиот трофеј од турнирите од големата четворка.

Интересно е што на претходната средба меѓу нив, 28-годишната Кинеска загуби за 44 минути од Вилијамс по 1:6, 0:6, а успехот денес може да се дефинира како слатка одмазда за понижувачкиот пораз.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here