Кога во неделата вечерта се појави на доделувањето на Греми наградите без грам шминка на лицето и покрај тоа што беше водителка на церемонијата, никој дури не се ни зачуди.
Годините поминуваат, но Алиша Кис останува верна на тоа дека шминка не ѝ е потребна, дури ниту за спектакл како што е Греми.
Славната пејачка уште во 2016 година донела одлука дека повеќе никогаш нема да носи шминка, односно го започнала својот сопствен #nomakeupjourney предизвик. И му останала верна до ден денешен и тоа е за секоја почит.
Алишта во 2016 година одлучила да проба како е да се живее од утро до мрак без грижа како изгледа пудрата на нејзиното лице, дали маскарата ѝ се размачкала и руменилото исчезнало…Било тоа нејзин личен бунт против притисокот на друштвото дека жената секогаш и во секој момент треба да изгледа совршено.
Убавата 39-годишна пејачка води сметка за негата на лицето и нејзината козметичарка истакнала дека со задоволство користи вештачки трепки, а дека кожата ја негува со масла, антиејџ серуми, акупунктура, ролери и луксузни маски.