Сите го исмејуваат пикапот на Tesla, но ќе ве изненади бројот на нарачки

0
142


Иако социјалните мрежи се преполни со шеги и коментари на сметка на новиот електричен пикап на Tesla, сепак Cybertruck предизвика интерес кај многумина. Маск неодамна на Twitter објави дека за помалку од два дека примил 146.000 нарачки за него.

Поминаа неколку дена од претставувањето на Cybertruck, а покрај разните коментари, изгледа дека Елон Маск успеа да го продаде овој производ.

Од 146.000 нарачки дури 41 процент се одлучиле за најскапата изведба, онаа со три мотори и цена од 69.900 долари. Околу 42 проценти се одлучиле за верзијата со два мотори по почетна цена од 49.900 долари, додека само 17 проценти сакаат да го возат основниот модел од 39.900 долари.

Кога сето ова ќе се собере, доаѓаме до податок дека Tesla во првите 24 часа примиле нарачки во вредност поголема од 8,2 милијарди долари. Цената на резервација овој пат е далеку пониска, само 100 долари.

Tesla го претстави новиот футуристички пикап на промотивен настан во Лос Анџелес минатиот четврток. Возилото е во облик на голем метален трапез и неговата почетна цена е 39.900 долари. Најмногу коментари, освен изгледот на возилото, предизвика и тестирањето во кое напукна наводно непробојното стакло на пикапот во текот на демонстрацијата.

Утредента, акциите на Tesla паднаа за 6,1 процент.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here