Колку ѝ било тешко на 28-годишната Кејт Фердинанд на почетокот на заедничкиот живот со поранешниот англиски фудбалер 41-годишниот Рио Фердинанд,м публиката ќе дознае во документарецот на БиБи-Си „Rio And Kate: Becoming A Step Family” чија премиера е утре на британските мали екрани.
Кејт, која во октомври минатата година се венчала за поранешниот англиски фудбалер открива во документарецот дека во еден момент се отселила од нивниот заеднички дом и се вратила во својот стан во Есекс.
„Плачев секој ден цела година, откако со Рио започнав заеднички живот, Беше тоа неверојатно тешко време“, рекла поранешната ѕвезда на реалното шоу „Towie”.
Кејт додала дека Рио многу тешко се носел со смртта на својата мајка Џенис која починала во 2017 година две години откако неговата прва сопруга Ребека Елисон со која има три деца, Лоренца, Тија и Тејта ја изгубила битката со ракот на дојка.
„Ништо во домот на беше мое, сите ја нарекуваа куќата на Рио. На сите фотографии беа Ребека и децата. Немав свое место. Се сеќавам дека после 6 месеци бев опседната да имам сапун „Molton Brown Rhubarb & Rose ” кој секогаш го имам дома, само за да почувствувам познат мирис.
Кога некому би се пожалила, ми вела дека сум патетична и себична.
Кејт инаку со многу љубов ја преземала улогата на маќеа. Во трејлерот за документарецот поранешниот фудбалер порачал: „Немам упатства како да бидам маќеа“, а таа додала: „Тешко ни е, можам да замислам колку им е тешко на децата“.