Синот на Хју Хефнер се дистанцира од Playboy и стана воен пилот

0
99


Синот на Хју Хефнер на Twitter објави дека заминува од медиумската корпорација на татко му и дека станува пилот.

26-годишниот Купер Хефнер, син на покојниот Хју Хефнер, се пријавил во Американската воена авијација, а на Twitter објави дека отсега ќе ѝ служи на неговата земја. Купер се откажа од списанието Playboy за да започне сопствено медиумско царство, а сега се придружи на Air Force. Ги откажа плановите во кои сакаше да лансира дигитална платформа за миленици, за да стане пилот на военото воздухопловство.

Вели дека ја напушти корпорацијата Stag and Hefner Media за да им служи на општеството и на државата.

http://kajgana.com/

Купер е еден од двајцата синови на Хју кои ги има со втората жена Кимберли Конард. Пред тоа, го презеде Playboy  во 2016 година и ја врати голотијата во списанието.

Хју Хефнер почина во 2017 година, на 91-годишна возраст.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here