Силна експлозија во Бејрут, десет загинати, стотици повредени

0
23


Најмалку 10 луѓе загинаа, а голем број се повредени во силна експлозија што денеска се случи во Бејрут.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори, експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанции.

Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди.

Сѐ уште не е позната причината за експлозијата ниту каков вид на експлозив бил складиран во магацините.

Според либанската телевизија LBCI, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here