Силен ветер и снежни врнежи – доаѓа циклонот Инес

0
99


Циклонот Инес што веќе зафати делови од Балканот и Европа, доаѓа кон нашата земја, носејќи силни ветрови и пад на температурите.

Во текот на оваа ноќ се очекуваат силни ветрови и врнежи од дожд кои под влијание на поладен воздух од север, наместа ќе преминат во снежни врнежи.

Рано вечерта се очекува да почне зголемување на облачноста, а ќе почне да дува и засилен ветер, најпрво од југозападен правец. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта, од север и северозапад ќе почнат врнежи од дожд.

Врнежите од снег се очекува да продолжат и утре на повеќе места. Во југоисточните предели ќе има услови за врнежи од дожд и од снег.

Ќе има нагло паѓање на температурите, од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.

Повеќе хрватски градови погодени од силно невреме

Силно невреме денеска ги погоди Загреб, Риека и уште неколку други хрватски градови.

Во Загреб врне пороен дожд и дува силен ветер, проследено со грмотевици и молњи, додека во Риека врне дожд, има силен ветер и големи бранови, јави загрепскиот портал Индекс.

Силен ветер крши гранки, а засега нема информации дали некаде е предизвикана поголема материјална штета.

Во делови на Хрватска почна да паѓа снег, а кај Бјеловар е забележана појава на град. Силен ветер дува и во Загреб, а бура мина и низ северниот дел на таа земја.

Црвен метео аларм за Црна Гора, во Србија намалени температури

Европската мрежа на метеоролошки станици за утре објави црвен метео аларм на подрачјето на јужна и централна Црна Гора, каде се очекуваат екстремни временски непогоди.

Црвениот аларм е објавен поради многу силни ветрови, кои се очекуваат во поголемиот дел на Црна Гора.

Прогнозираните опасни временски појави се јавуваат исклучително ретко, а таквиот интензитет може да предизвика голема материјална штета и претставува опасност за луѓето и животните.

Најавеното невреме, дожд и силен ветер пристигнаа во Србија, првично во Војводина, од каде ќе се прошири и во останатите делови од земјата, а од утре се очекува големо намалување на температурите, кои во некои места ќе достигнат дури разлика од 15 степени во однос на претходните денови.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) во Белград издаде предупредување дека во текот на ноќта и утре ќе биде многу студено и ветровито, со повремено создавање на снежна покривка од пет до 20 сантиметри во централните и јужните делови на Србија.

Невреме и во Унгарија: Силен ветер корне дрвја

Силен студен ветер кој денеска попладне ја зафати Унгарија, корнеше дрвја, кршеше гранки и оштети далноводи.

Пожарникарските служби во земјата примиле повеќе од 100 повици на граѓани кои пријавиле штета причинета од бурата, но засега нема информација за повредени лица.

Уништена е патната сигнализицаија на неколку места, а најтешка била ситуацијата во северниот дел на земјата и во Будимпешта.

Во главниот град на Унгарија е издадено предупредување од втор степен поради силните ветрови.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here