СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот корона вирус

0
108


Светската здравствена организација соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот корона вирус што се појави во Кина.

Експертите на СЗО посочија дека не гледаат причина за таков потег во оваа фаза, но сепак сметаат дека е неопходно денеска да продолжат дискусиите за прашањето во Женева.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – корона вирус 2019-nCoV.

Возовите и авионите се запрени од вчера во Вухан за да се ограничат ризиците од меѓународно ширење на заразата.

Според ажурираните бројки, властите во Кина потврдија 17 смртни случаи на корона вирусот, а 554 други се заразени. Пациентите со коронавирус се во Вухан, Пекинг, Шангај, Шенжен и во други градови. Инфицирани со корона вирусот има и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here