Се свршија најдобрите тенисерки на Белгија

0
24


Белгиските тенисерки Алисон ван Ујтванк и Грит Минен на социјалните мрежи објавија дека се свршија, а на почетокот на 2021 година ќе се венчаат.

Алисон има 26 години и моментално е на 64 место на АТП листата, додека Грит има 23 години и се наоѓа на 108 место на листата.

Двете тенисерки се во врска веќе 4 години и сега решија да ја официјализираат врската.

На Instagram објавија заедничка фотографија со свршенички прстени.

Во 2017 година заедно играа на Вимблдон, во женскиот дабл. Така станаа првиот геј пар кој играше во дабл на еден од најголемите тениски турнири.

Не се срамат јавно да ги искажат емоциите на терен и се бодрат една со друга на секој меч.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here