Сетјен: Титулата ни бега | Кајгана

0
1


По второто реми во серија, стратегот на Барселона е свесен дека го губат чекорот во борбата за титулата.

Синоќа Барселона одигра 2:2 со мадридски Атлетико и по саботното реми на гости кај Селта, направи нов чекор назад во однос на лидерот Реал Мадрид.

„Штета. Цело време ни станува сѐ потешко и потешко. Се оддалечуваме од титулата, но мора да продолжиме да работиме“, рече Кике Сетјен по натпреварот.

Прашан дали е задоволен од залагањето и играта на неговите избраници, тој изјави:

„Прилично сум задоволен бидејќи не е лесно да се игра против Атлетико. Тие се дисциплинирани и физички се силни. Добри се и во дефанзивата. Но, јас сум задоволен од моите играчи“.

Сетјен го критикуваат бидејќи го остави на клупата Антоан Гризман и го внесе дури во 90. минута.

„Не ја направив замената порано бидејќи оние што беа на теренот играа добро. Рики. Меси и Суарес. Не е лесно да најдете место за некого без да го дестабилизирате тимот“.

Барса на двапати водеше, прво со автголот на Диего Коста, а потоа преку Лео Меси од белата точка. Гостите секој пат израмнуваа и тоа двапати од пенал преку Саул Њигес.

На табелата Браса има 70 бодови, еден помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку. „Кралевите“ утревечер ќе имаат шанса да се одлепат на плус 4 доколку слават против Хетафе.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here