Сетинов: Како играч никогаш не пиев пиво, само сок

0
47


Поранешниот македонски фудбалер, а сега тренер, откри некои интересни работи од неговата играчка кариера.

Драги Сетинов е еден од најпознатите македонски фудбалери за сите југоносталгичари. Своевремено сениорската кариера ја започна во Саса од Македонска Каменица како позајмен од својот матичен клуб Вардар, а потоа настапуваше и за прилепска Победа, сплитски Хајдук, Етникос од Пиреја, Вардар, грчка Хања, а кариерата ја заврши во Работнички од Дебар Маало во 1996 година.

Во интервју за официјалната веб-страница на ФК Саса, Сетинов се потсети на неговата кариера, особено во дресот на „Рударите“.

„Пиев само сок. Сите понекогаш знаеаја да испијат по некое пиво, само јас пиев сок. Дури соиграчите нарачуваа наместо мене во стилот „За скопскиот само сок”. Се сеќавам кога ќе дојдев од Скопје, Венцислав Симоновски – Кичо, со кој бевме едни од најмладите во тимот, секогаше „ме тераше” да го честам во кафанчето кое се наоѓаше на самиот влез на градот, од десната страна“, открива Сетинов.

Сетинов во дресот на Саса (трет од лево кон десно, горен ред); фото: ФК Саса Македонска Каменица

Поранешното либеро открива и со кои играчи имал најмногу проблеми при чувањето во одбрана.

„Тоа е секако Жан-Пјер Папен, кој играше во Марсеј во периодот додека јас бев во Хајдук. Потежок играч за чување сум немал, за време на моите настапи во Хајдук. Инаку на овие простори најтежок играч за чување ми беше Фадиљ Вокри, играч на Партизан и Приштина“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here