Сестрата на Џорџ Мајкл најдена мртва точно три години по неговата смрт

0
109


Мелани Панајоту, една од сестрите на музичката легенда Џорџ Мајкл, беше најдена мртва на Божиќ во нејзиниот дом во Лондон, точно три години по смртта на Мајкл.

Нивната сестра Ионида го нашла безживотното тело на Мелани (55) во куќата и веднаш викнала полиција.

Засега не е позната точната причина за смртта, но полицијата засега не ја смета смртта за сомнителна.

Семејството побара од јавноста да ја почитува нивната приватност.

Џорџ Мајкл беше најден мртов во неговиот дом на Божиќ во 2016 година, на 53-годишна возраст.

Во март, 2017 година беше соопштена официјалната причина за смртта на пејачот – починал од компликации на болест на срцето и замастен црн дроб.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here