Серена Вилијамс по две години повторно во Фед купот

0
114


Њујорк, 15 јануари 2020 (МИА) – Женската тениска репрезентација на САД ќе биде посилна за Серена Вилијамс во мечот против Летонија во квалификациите за завршниот турнир. Потврда за настапите на 23-кратната гренд слем шампионка стигна од Тениската асоцијација на САД.

Последниот меч за националниот тим Серена Вилијамс го одигра во февруари во 2018 година. Таа моментно се подготвува за Австралија Опен на кој ќе атакува на 24 -та гренд слем титула. Доколку успее во тоа, ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Дуелот меѓу САД и Летонија е закажан за првиот викенд во февруари. Победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир од 14 до 19 април во Будимпешта.

Досега во кариерата, таа одигра 13 меча во поединечна конкуренција во Фед купот и сите 13 ги реши во своја корист.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here