Сензационална тројка од половина терен против поранешниот тим

0
127


Бекот на Зенит Алекс Ренфро за момент го шокираше Баерн Минхен со сензационален кош од средина на теренот на крајот од втората четвртина од натпреварот меѓу двата тима од Евролигата во 13-тото коло.

На четири секунди пред паузата помеѓу двете полувремиња, Ренфро ја собра топката, стигна до средината на теренот и шутираше кон кошот на Баварците и резултатот беше спектакуларна тројка.

Ренфро го заврши мечот со 18 поени, но Баерн сепак победи со 77-69.

Ренфро играше за Баерн Минхен од јуни, 2015 до ноември, 2016 кога потпиша за Барселона.

Оттогаш смени неколку клубови додека не дојде во Зенит Санкт Петербург во јуни годинава.

Родум Американец, Ренфро како натурализиран играч настапувал за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here