Селото полно со палати во кое речиси сите жители се сиромашни

0
110


Речиси сите жители во ова романско село собираат и продаваат отпад за да преживеат. Но, повеќето од нив живеат во палати, кои денес стануваат вистинска туристичка атракција.

Низ Романија може да се видат многу куќи украсени на специфичен начин кои повеќе потсетуваат на музеи отколку на нечии домови. Ова се таканаречените ромски палати кои започнале да се градат на почетокот на 1990-те години откако припадниците на ромската заедница започнале да заработуваат доволно за да си дозволат вакви куќи.


Има илјадници такви куќи низ Романија, а стиловите се разликуваат од регион до регион. Во средниот дел од земјата, ромските палати биле инспирирани од католичките цркви, додека во југозападниот дел тие се копии на неокласичните градби. На истокот и на југот од земјата тие се интерпретации на куќите на поранешните аристократи.

Бузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.

Едно село кое изобилува со вакви домови е Бузеску, кое се наоѓа на околу сто километри јужно од Букурешт. Бузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.

Многу жители на ова село велат дека парите ги заработиле со собирање и продавање на огромни количини отпад, а додаваат и дека со тоа се занимаваат и денес. Некои жители велат дека живеат во странство и парите кои ги заработуваат таму ги користат за да изградат луксузни домови во селото.

Бузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.

Постои и приказна дека парите со кои се изградени овие палати се добиени од продажба на претходно запленето злато кое им било вратено на Ромите по падот на комунизмот во земјата. Имено, за време на режимот на Никола Чаушеску, Ромите биле принудени да го предадат сето злато кое го поседуваат на властите. Во голем број случаи, ова било документирано, што ја олеснило процедурата за подоцнежното враќање на златото.

Ромските палати во Бузеску навистина се уникатни, а погледнете ги и 12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here