Селекторот понуди оставка, на ред е управата на клубот: Заврши љубовта меѓу Брестовац и Металург

0
56
loading...

По поразот на домашен терен од Еурофарм Работник, македонскиот селектор Данило Брестовац си поднесе оставка од функциjата тренер на Металург!

Иако имаше договор на три години со тимот од Автокоманда, Брестовац не се задржа на кормилото ниту една цела. Поради преземањето на селекторската палка на македонската репрезентација, беше договорено да остане до јуни во Металург, а потоа да се посвети на националниот тим, но како стојат сега работите од тоа нема да има ништо. Брестовац им ја соопштил својата одлука на ракометарите, а сега на ред е управниот одбор на клубот кој треба да одлучи дали ќе ја прифати или не.

Претседателот на Металург, Зорица Блажевска беше недостапена за коментар, но во наредните денови ќе ја слушнеме и официјалната позиција на клубот. Помошникот Оливер Димитриески најверојатно ќе ја води екипата на натпреварот против Пролет од третото коло во плеј-офот, а за Брестовац останува да се посвети на репрезентативните обврски од понеделник.

loading...