Севернокорејските медиуми објавија ретко видео од средбата меѓу Трамп и Ким

0
82
loading...

Слики од стотици Севернокорејци што радосно ракоплескаа и мавтаа со знамиња откако Ким Јонг-ун слета во Пјонгјанг во средата беа емитувани во Северна Кореја, како дел од долгиот документарен филм за неговиот историски самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

42-минутното видео што се емитувало во четвртокот открило снимки од патувањето на Ким, вклучувајќи го и неговото пристигнување во Сингапур и дел од неговиот престој во луксузниот хотел.

Голема е веројатноста мнозинството од Севернокорејците првпат да виделе поглед на светот надвор од нивните граници, вклучувајќи ги и сликите од блескавата сингапурска панорама.
За разлика од досадните програми на официјалниот канал за вести КЦТВ, снимките од Ким сигурно биле невообичаени за гледачите. Државните медиуми веќе истакнаа дека Ким бил импресиониран од искуството од Сингапур и од самиот град.

Ова беше еден од најважните самити во последниве години, со оглед на тоа што се одржа средбата меѓу Трамп и Ким, што беше поздравена како историска од повеќето земји во регионот, вклучувајќи ги Кина и Северна Кореја.

Документарниот филм прикажа снимки од посетата на Ким во Сингапур, неговите прошетки низ градот, од неговото пристигнување во неделата до неговото заминување во вторникот вечерта.

loading...

Филмот бил отворен со снимки од севернокорејскиот лидер како се подготвува за средбата со Трамп на авионот позајмен од кинеската влада.

Со нарација од познатиот севернокорејски водител Ри Чун-хи, документарецот истакнал дека иако Ким имал безброј средби со светските лидери, оваа средба привлекла најголемо внимание.

– Многу лидери од различни земји го посетиле Сингапур, но ниту еден не ги исполнил вака улиците со народ и никој не бил толку топло пречекан – вели Ри.

На документарецот е прикажан Ким како седи во луксузниот хотел „Св. Реџис“, пред да замине за турнејата низ Сингапур, вклучувајќи и прошетка до кулата Марина Беј Сендс.
– Улиците беа полни со луѓе што му се восхитуваа на врховниот лидер за неговите брилијантни политички вештини и способности да води сложена и паметна меѓународна политика – раскажува Ри.

За време на неговото патување, Ким разговарал за развојниот план на Сингапур со министерот за надворешни работи Вивијан Балакришна и министерот за образование Онг Е. Кунг.

Потоа, емитувањето на документарниот филм било проследено со видеомонтажа на ликот на Северна Кореја, исполнета со новоизградени сјајни кули. Видеото завршува со сцени од возбудените Севернокорејци кои го поздравуваат нивниот лидер по неговото пристигнување дома.

Северна Кореја не е единствената што го рекламира големиот успех на самитот во Сингапур – во серијата твитови во средата американскиот претседател Трамп изјави дека патувањето за него било доста позитивно искуство.

– Само што слетав – долго патување, но сите можат да се чувствуваат побезбедни од денот кога ја презедов функцијата. Повеќе не постои нуклеарна закана од Северна Кореја. Северна Кореја има голем потенцијал за иднината – напиша Трамп на неговиот твитер-профил.

Сепак, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека нема да има никакви олеснувања на тарифите на Пјонгјанг, до целосната денуклеаризација.
Делови од документарниот филм можете да погледнете ТУКА.
loading...