Северна Ирска пред избор: обединета Ирска или останување во Обединетото Кралство

0
142


Белфаст, 216 декември 2019 (МИА) – Ирските националисти и пробритански унионисти во Северна Ирска денеска почнаа разговори за обновување на локалната влада.

Северна Ирска е без локална администрација речиси три години, а разговорите доаѓаат во време кога излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија ја загрозува и онака деликатната политичка рамнотежа.

Шин Фејн се повлече од владата во јануари 2017 година, оценувајќи дека нема третман на рамноправен партнер. Оттогаш Фејн и најголемата пробританска партија Демократската  унионистичка партија, вината за неуспехот да формираат влада си ја префрлаат една на друга.

Изборната победа на премиерот Борис Џонсон значи дека Брегзит сега е извесен, а Северна Ирска како единствена од конститутивните делови на Обединетото Кралство има копнена граница со држава на ЕУ и е изложена на многу потенцијални последници.

Унионистите, кои сакаат Северна Ирска да остане британска, стравуваат дека одлуката на Џонсон Северна Ирска да се усогласи со пазарот на ЕУ ќе го трасира нејзиниот пат кон обединета Ирска.

Ирските националисти, пак, кои бараат унија со Република Ирска, наведуваат дека членството во ЕУ и отворените граници биле главниот дел од мировниот договор од 1998 година со кој заврши 30-годишното секташко и политичко насилство.

Доколку до 13 јануари не постигнат договор повторно ќе се оддржат избори и доколку ни потоа не се воспостави локална власт, британската Влада ќе мора да размисли за диретна управа од Лондон, што сигурно ќе наиде на критики од националистите во Северна Ирска.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here