СДСМ: Ништо не е сменето во ВМРО, Мицкоски нуди припојување со други држави

0
147

Додека СДСМ и сите прогресивни партии работат на интеграција во ЕУ и НАТО, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат припојување со други држави, велат од СДСМ откако членот на високото раководство на опозициската партија, Иванка Василевска, изјави дека земјава треба да размисли за сојуз со Србија доколку дојде до федерализација.

-Додека државата се гради како едно општество на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште ги плашат граѓаните со наводни федерализации, кантонизации и распад на државата. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, против државата, против Македонската православна црква и против концептот едно општество за сите. Ништо не е сменето во ВМРО – рече Стефан Васев од СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here