Сари не е задоволен од ефикасноста на Јувентус

0
121


Торино, 29 октомври 2019 (МИА) – Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека неговиот тим треба да постигнува повеќе голови.

Викендов Јуве одигра само 1:1 на гостувањето кај Лече, но киксот не се покажа како фатален, бидејќи и главниот конкурент за титулата, Интер, не успеа да победи, а три бода не освои ниту Наполи.

– Веќе располагаме со најдобрата одбрана во лигата, но треба да бидеме повнимателни и да не правиме толку многу пенали. Се сменија работите во Италија, просекот на постигнати голови е зголемен, првенството е поефикасно отколку во минатото. Имаме слаб просек на број на шутеви. Според мене, тоа е ментален проблем, наведе Сари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here