Сари: Мора да се има предвид дека игравме со екипи кои се во најдобра форма

0
11


Тренерот на лидерот Јувентус најде оправдување за третиот натпревар по ред без победа во тоа што најдобриот тим во Калчото играл против екипите кои се најдобра форма.

Јувентус синоќа ја продолжи серија без победа која сега трае три натпревари, што е најлоша резултатска криза сезонава. Иако имаше водство ид 0:2 на гости кај Сасуоло со головите на Данилу и Гонсало Игуаин по само 12. минути игра, домаќинот потоа направи целосен пресврт и поведе о 3:2 преку Филип Џуричиќ, Доменико Берарди и Франческо Капуто. Потоа Алекс Сандру му донесе бод на шампионот.

„Секој тренер од својот тим бара континуитет, а ние периодов се мачиме да одржиме такво нешто, без разлика дали е од кондициски или ментален карактер. На моменти сме одлични, а потоа паѓаме во една пасивност која е тешко да се објасни. Мора да се напомене и дека се соочувавме со екипи кои се во одлична форма, како Аталанта и сега Сасуоло“, рече Маурицио Сари по натпреварот.

Претходно, Јувентус одигра 2:2 дома со Аталанта и тоа откако доби два пенала, а едно коло пред тоа загуби кај Милан со 4:2 иако водеше со 1:2.

„Мора да го решиме проблемот со ова топло-ладно темпо, проблем кој го имаат и скоро сите останати тимови во моментов, со ретки исклучоци. Ако успеаме тоа да го отстаниме, ете го вистинскиот пат пред нас“, смета стратегот на клубот од Торино.

Моментално во Серија А во најдобра форма се Аталанта и Сасуоло кои на последните 5 натпревари имаат 4 победи и нерешено, а потоа следува Сампдорија со 4 победи и пораз.

„Потребна ни е константност во играта за да избегнеме падови. На моменти делуваме како да имаме огромен потенцијал, а потоа делуваме ранливи. По водството од 0:2 требаше преку посед да го држиме Сасуоло во неговата половина, а ние почнавме да се тркаме со нив и отворивме простор. Сега не е време да да правиме математики туку да мислиме натпревар за натпревар“, заврши Сари.

И покрај лошата форма Јувентис сепак има солидно водство на врвот бидејчи главните конкуренти лацио и Интер исто така се во лоша форма. Лацио нема победа 4 натпревари, додека Интер има слична форма како Јуве, топло-ладно.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here