Санчес: Ливерпул ќе биде шампион, ама засекогаш со ѕвездичка

0
45


Стратегот Лори Санчес смета дека сезоната во Премиер лигата сепак нема да заврши, титулата ќе му биде дадена на Ливерпул, кој пак засекогаш ќе остане запаметен по тоа дека ја освоил на зелена маса.

„Јас не гледам како фудбалот би се вратил наредниот месец. Според мене, плановите кои ги кројат нема да се остварат и сезоната нема да се заврши“, вели тој во интервју за The Independent.

Лори Санчес е поранешен играч од средниот ред кој настапуваше за Ридинг, Вимблдон, Свиндон Таун и Слиго Роверс. Во тренерските води најмногу се прослави три години водејќи ја репрезентацијата на својата Северна Ирска.

Сезоната во Премиер лигата е најавено дека ќе продолжи, но дур тоа не се случи, ништо не е сигурно. Санчес не верува дека тоа ќе се оствари. Вели дека Ливерпул заслужено ќе ја добие титулата, но таа засекогаш ќе му остане со една * за да се знае дека е освоена со прекин на сезоната.

„Мислам дека слободно може Ливерпул да се прогласи за шампион. Сепак, ќе мора да му се стави и една ѕвездичка до тоа шампион, засекогаш“, смета Санчес.

Санчес во финалето од ФА купот во 1988 година го постигна победничкиот гол токму против Ливерпул, носејќи му ја титулата на Вимблдон. Тоа до денес важи за едно од најголемите изненадувања во историјата на ФА купот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here