Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

0
59


Oд страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 25.028 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 461 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќиe извршени се 81 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 261 лице им се издадени решенија за изолација, а не се евидентирани лица кои потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here