Самопомош: Направете разлика меѓу тоа дали сте сами или осамени

0
39


На повеќето од нас ни се случило непотребно да стравуваме да останеме без партнер, неможејќи да ја направиме разлика меѓу тоа да се биде сам (што е сосема нормална состојба) и ода се биде осамен (чувство што ни предизвикува болка).

Она што треба да го направиме е повторно да го најдеме она сознание дека да се биде сам има свои предности. Токму во таква состојба можеме најдобро да донесеме вистински одлуки и да ги избереме вистинските пријателства и љубовни врски.

„Во приватноста на нашите мисли, една мисла – крајно срамна по природа – може да се појави и да нѐ прогонува додека правиме проценка дали да заминеме или да останеме во врска што не нѐ задоволува и не нѐ прави среќни: Што ако ставиме крај на врската и завршиме ужасно осамени?

Како луѓе, создадени сме да се издигнуваме над вакви прагматични грижи. Сите сме слушнале приказни за луѓе кои се откриле себе си откако останале сами и не дозволиле да станат осамени.

Но не сите и не секогаш можеме да излеземе од тие денови на празнотија кога ни се чини дека го губиме разумот. Помислата дека ќе бидеме сами и ќе правиме нешто сами за кратк време прераснува во страв од самотија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here