Салвини ќе ја бојкотира Nutella, не била доволно италијанска

0
114


Рим, 6 декември 2019 (МИА) – Италијанскот опозициски лидер Матео Салвини изјави дека ќе ги бојкотира чоколадните продукти Nutella бидејќи не се 100 отсто италијански.

– Открив дека Nutella користи турски лешници, а јас претпочитам да помагам компании што користат италијански продукти, изјави Салвини.

– Сакам да јадам италијанско, ако можам на тој начин да им помогнам на италијанските фармери, нагласи тој синоќа на митинг на националистичката партија Лега Норд во Равена.

Салвини (46) често јавно укажува за сопствените навики за конзумирање храна како дел од стратегијата на социјални мрежи. Nutella најчесто му е на неговиоте страници на facebook и Twitter.

Неговата партија го користи мотото „Италијанците на прво место“ и водат во анкети со поддршка од околу 32 отсто.  Производителот на Nutella, Ferrero е најголем купувач на лечници во светот. Според ФАО, Турција доставува 70 отсто од светската потреба за лешници, следи Италија со околу 20 отсто.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here