Салата со туна за оние кои ја чуваат линијата

0
103


Одржувањето на телесната тежина не мора да биде напорно бидејќи постојат рецепти за вкусни салати, како овој, кои се подготвуваат брзо и заситуваат. Поголемиот дел од намирниците сигурно веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 500 грама леблебија
  • 2 конзерви туна
  • 1 голема црвена пиперка исечкана на коцки
  • 75 грама исечкан кромид
  • 15 грама исечкан свеж магдонос
  • 120 милилитри сок од лимон
  • 4 лажици маслиново масло
  • Мешана зелена салата
  • Бибер и сол по вкус

Начин на подготовка:

Измешајте ги леблебијата, туната, пиперката, кромидот, магдоносот, две лажици маслиново масло и половина од лимоновиот сок. Зачинете со бибер. Останатиот лимонов сок заедно со останатите две лажици масло и солта измешајте ги, па прелијте ја салатата со смесата.


Доколку барате лесна салата која е и вегетаријанска, пробајте го овој рецепт за лесна салата со краставица и авокадо.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here