Рускиот бенд „Shortparis“ е вториот изведувач на „Здраво Млади 11“

0
4


Познат е и вториот бенд кој ќе настапи на овогодинешниот фестивал „Здраво Млади“ кој кон крајот на август традиционално ќе се одржи во скопскиот Младински културен центар.

За прв пат на „Здраво Млади“ ќе настапи руски бенд. Честа ја има „Shortparis“ формиран 2012 година во градот Новокузнецк во југозападниот дел на Сибир.

„Предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин, ‘Shortparis’ доаѓаат од Русија и се на добар пат да добијат меѓународно признание. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, ‘Shortparis’ се приближуваат сѐ поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е“, соопштија од фестивалот.

Единаесеттото издание на „Здраво Млади“ е закажано за 26 август, а картите во претпродажба се веќе достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here