Руската војска ќе спречува воен судир на Турција и Сирија

0
124


Воените сили на Русија почнаа да се стационираат во околината на градот Манбиџ да за спречат да дојде до судир помеѓу војските на Турција и Сирија.

Манбиџ е град на северот од Сирија и е под контрола на силите на Башар ал-Асад, но е една од метите предвидени во турската инвазија наречена „Извор на мирот“.

„Сириската војска има целосна контрола на градот Манбиџ и околината. Руската воена полиција продолжува да патролира на северната граница кај Манбиџскиот теснец каде што имаше контакт помеѓу сириската и турската војска“, изјави Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

http://kajgana.com/

Во моментов има престрелки помеѓу војската на Асад и курдските сили од една и сириските Туркмени кој се лојални на Турција.

Русија има блиски односи со двете страни, Сирија и Турција, па воен судир помеѓу нив две ѝ оди во прилог.

Владимир Путин остварил телефонски разговор со Реџеп Тајип Ергоган по што го поканил за средба во Москва која треба да се случи наредниве денови. Ердоган ја прифатил поканата потврди Кремљ.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here