Русија воведува задолжителни часови по шах во училиштата

0
98
loading...

Министерството за образование и наука на Русија планира во наредните две години во училиштата да воведе задолжителни часови по шах за децата од прво до четврто одделение.

Според зборовите на руската министерка за образование и наука Олга Васиљева, тоа од наставниците не бара дополнителна компетенција.

„Планираме да воведеме задолжителни часови по шах во наредните две години, можеби наредната година, од прво до четврто одделение, по еден час неделно“, вели министерката.

„Тоа е доста едноставна програма, конципирана на таков начин што наставниците од секоја возраст ќе можат сами, користејќи препораки од методичарите, да го научат детето да го разбира шахот“, истакнува Васиљева.

loading...

Таа додаде дека пред да донесе одлука за оваа реформа, министерството за образование и наука спровело потребно истражување. „Не е никаква новост тоа што шахот е директно поврзан со унапредувањето на квалитетот на образованието на нашите деца. Тоа е така во сите земји. Кај нас во 40 региони се игра шах и тие покажуваат целосно различни резултати“, заклучува министерката.

loading...