Роналдо откри што сака да прави по пензионирањето

0
110


Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо откри какви планови има по кариерата во фудбалот.

Тој сака да продолжи со школувањето и негова желба е да се обиде како актер во филмската индустрија.

Роналдо изјави дека ќе игра фудбал сè додека неговото тело може да одговара на предизвиците поставени пред него. Исто така додаде дека никогаш немал лоша сезона во кариерата.

„Порано фудбалерите ја завршувале кариерата на 30 до 32 години, но денес играат и до 40-годишна возраст. Никогаш во кариерата не сум имал лоша сезона и секогаш сум бил подготвен за нови предизвици, а секој натпревар го играм со огромна желба за победа. Оној момент кога ќе почувствувам дека телото не може да одговори на предизвиците, тогаш ќе се повлечам“, вели Роналдо.

По кариерата во фудбалот Роналдо вели дека ќе продолжи со школувањето кое морал да го прекине и дека би глумел во филмови.

„Кога ќе ја завршам кариерата како играч ќе се посветам на студиите бидејќи сакам да продолжам онаму каде што прекинав. Сакам да учам и да дојдам до одговори на многуте прашања кои ми се вртат во главата. Исто така, уште една работа која ме фасцинира е филмот и искрено би се обидел како актер“, вели Роналдо.

Тој има договор со Јувентус до јуни 2022 година, а во досегашната кариера играл за Спортинг, Манчестер Јунајтед и за Реал Мадрид.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here