Розов мек капут за разбивање на есенската монотонија

0
112


Иако времето и понатаму е прекрасно како за есен, ладните температури полека но сигурно пристигнуваат, па затоа е и време да го освежиме својот гардеробер со атрактивни и истовремено удобни класични парчиња облека, како мекиот капут којшто се очекува да биде еден од водечките хитови за оваа зима.

Големите брендови веќе подготвиле богата понуда за интересни капути, во која секоја од нас дефинитивно ќе си пронајде барем едно совршено парче за себе. Топлиот мек капут е најдобриот избор за да бидеме заштитени од студенилото додека истовремено ќе останеме и во чекор со најновите трендови.


https://www.kafepauza.mk/

Иако сме навикнати да го гледаме овој капут само во зимските топли и земјени тонови, сепак оваа есен вниманието е насочено кон една сосема различна, поразиграна нијанса. Розовиот мек капут е идеален за дневните кежуал комбинации, што вклучуваат фармерки, маички и чизми, а подеднакво одлично изгледа и со здолништа и фустани.

https://www.kafepauza.mk/

Дознајте и кои се 5-те најсекојдневни трендови во моментов.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here